ОДЛИЧНИ 20 МИНУТИ НА „ЦРВЕНО-ЖОЛТИТЕ“

Хендрикс почна, Војдан продолжи да го полни кошот на Словачка...

На полувреме во Попрад, Словачка – Македонија (30-44)

објавено: 23 ноември 2017 - 18:45

Израмнет беше првиот период од играта во кој, по заслуга на Хендрикс, и неговите десет реализации, имавме минимална предност (23:22).

Освен Хендрикс, во тие први десет минути погодуваа и В. Стојановски (6), Крстевски, кој изненадувачки почна како стартер (5), и Д. Стојановски (2).

Селекторот Давитков рано изротира поголем број на играчи. Па само што влезе во игра, Ѓуроски погоди тројка.
По „малиот одор" кој заслужено го доби од селекторот, Хендрикс се врати на паркетот во Попрад Арената и ја продолжи офанзивата доминација. По неговиот 14. поен, имавме и плус од седум поени (34.27), а по десетата реализација на капитенот Војдан Стојановски уште повисоки (38:30) како што стоеше на семафорот во 18. минута од играта.

Словачките кошаркари немаа решение за неговите „продори", даде уште шест поени во неговата серија за одлични, високи (44:30)...

Очекуваме иста ваква игра, и се разбира победа, и во второто полувреме...

Најново во Кошарка