ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ГИ ТЕРАМЕ БЕЗ ГРЕШКА

ХЕТ-ТРИК: Во јуни е заверката за следната квалификациска фаза

Ги победивме во номеври, ги победивме и сега во февруари, Македонија – Словачка (87:74) за максимален ефект по три одиграни круга во претквалификациите за ЕП 2021 година...

објавено: 25 февруари 2018 - 21:52

Ги победивме во номеври, ги победивме и сега во февруари, Македонија – Словачка (87:74) за максимален ефект по три одиграни круга во претквалификациите за ЕП 2021 година...

Оние кои не останаа дома да „се грејат" и да гледаат „реприза" на „Златна бубамара на популарноста" и дојдоа во СЦ „Јане Сандански", да гледаат кошарка,мешот од претквалификацитие за ЕП 2021, Македонија-Словачка, имаа што да видат.

Односно не зажалија...
Гратис, односно нула денари видоа меч во кој нашиот кошаркарски национален тим требаше да го потврди она што го започна во ноември.
Да ја совлада (по втор пат) Словачка, и да дојде блиску до следната рунда од претквалификациите за ЕП 2021 година.
Пред следниот циклус, оној јунскиот, ќе имаме максимални три победи во исто толку одиграни натпревари...

Македонија – Словачка 87:74 (25-21; 27-16; 18-20; 17-17)

Имавме одличен почеток, заокружен со брзо двоцифрено водство (14:3).
Но две серии на Словачка, од по (6-0), и добриот шут за три поени, ги вратија назад во игра.
Лошиот увод во втората четвртина во кој з анецела минута „црвено-жолтите" влегоа во „бонус", го плативме со губење на водството. По втор пат по оние почетни (0:2), Словаците поведоа со (26:25) во 12.минута од играта.


Доволно за тајм-аут на Давитков, враќање на Хендрикс и Трајковски во игра, кои заедно со Војдан и Дамјан Стојановски ја стартуваа серијата од 15 неодговорени поени и сигурно водство на полувремето...

Со нова серија, сега иод (15-6), Македонија дојде до највисоките (67:43) кога се играше 25.минута од играта пред оние околу илјада вљубеници во играта со портокаловата топка.


Серијата на Словаците од седум поени по ред, за (50:67) селекторот Давитков ја спречи со тајм-аут.
Без резултат, затоа што серијата на гостите продолжи... до 13-0, за „само" (56:67).

За момент, со тројка, ја прекина Костоски (70:56), но дозволивме да примиме уште еден копш на истекот
на третиот период за водство од (70:57).
Но тоа беа само некои кратки моменти на слабост, или олабавување од оној вистински „притисок" кој со себе го носат овие (прет)квалификациски мечеви.

Серијата од (9-2), ја врати Македонија на повеќе од комотни (79:59),. и недостижни за сепак слабиот противник кој во Скопје дојде да не загуби преубедливо. Но не успеа во тој обид.

 

 

Најново во Кошарка