ПОВРЕДАТА Е ЗАД РЕПРЕЗЕНТАТИВНОТО КРИЛО

Јелена Антиќ се враќа на терените, како играч на НКЕ Баскет од Будимпешта

Божиќните празници донесоа и убави моменти во кариерата на Јелена Антиќ.

објавено: 11 јануари 2019 - 19:16

Нашето репрезентативно крило по голема пауза се враќа на кошаркарскиот терен, и одново во една екипа надвор од Македонија.
Една од нашите најдобри кошаркарки во изминатата деценија, постигна договор со екипата на НКЕ Баскетбал од Унгарија, која прикажа големи амбиции на почетокот на 2019 година.

Како што е пзнато, по оние првичекот во екипата на Младинец, Антиќ ја продолжи својата школска и играчка кариера во САД, играше за универзитетската екипа на Либерти Флејмс, а потоа се врати во Европа, каде настапуваше за неколку клубови.
Во клубот од Будимпешта, Јелена ја опишуваат како вистински лидер, и играч кој може успешно да ги пополни позициите „3" и „4".
Во исто време, договорна обврска со овој клуб потпиша и унгарската репрезентативка, Јудит Барнаи.

Најново во Кошарка