СЕЛЕКЦИЈАТА „ПОД 16" ГОДИНИ ЗАМИНА ЗА СОФИЈА

Кадетите се нашата последна надеж за подобар евро-резултат

Кадетските репрезентативци денеска заминаа за Софија, каде во наредните девет дена ќе ги бранат боите на националниот дрес на Европското првенство „Б" Дивизија, за кошаркари „Под 16" години.

објавено: 9 август 2017 - 14:48

Кадетските репрезентативци денеска заминаа за Софија, каде во наредните девет дена ќе ги бранат боите на националниот дрес на Европското првенство „Б" Дивизија, за кошаркари „Под 16" години.

Пред заминувањето, избраниците на селекторот Горан Ѓорѓиевски имаа уште една проверка на знаењата, која ја направија во Маврово, а каде беа поразени од соодветната селекција на Шведска.


Инаку нашата кадетска репрезентација на турнирот во Софија ќе се натпреварува во рамки на групата „Д", во која се уште и репрезентациите на Луксембург, Португалија, Велика Британија, Грузија и Косово.


Првопласираните две селекции од секоја од четирите групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналната фаза на шампионатот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
10. АВГУСТ
16.15: МАКЕДОНИЈА – Грузија
11. АВГУСТ
11.45: Косово – МАКЕДОНИЈА
12. АВГУСТ
14.00: Велика Британија - МАКЕДОНИЈА
14. АВГУСТ
11.45: МАКЕДОНИЈА - Португалија
15. АВГУСТ
18.30: Луксембург – МАКЕДОНИЈА

Најново во Кошарка