МАКЕДОНИЈА ЗАВРШИ НА 12. МЕСТО ВО СОФИЈА

КАКО УТЕХА: Младинците поразени од Белорусија, но подобри од лани

Младинската репрезентација не успеа да го добие дуелот со Белорусија за 11. место на ЕП „Б“ дивизија, беше поразена со 83-73. 

објавено: 22 јули 2018 - 16:49

Подобри сме од лани, ама само за едно место. На минатогодишното ЕП „Б“ дивизија застанавме на несреќната 13, овој пат во Софија завршивме на 12. место. Избраниците на селекторот, Никола Василев во трката за погорната позиција загубија од Белорусија со 73-83 (21-24, 20-12, 14-18, 18-29).

Нашите момци имаа шанса да го добијат овој меч, по изедначената игра во првата четвртина (21-24), со серија од 10-0 го отворија следниот период, на полувремето имаа водство од 41-36. Позитивата ја сочуваа и пред стартот на последната четвртина 55-54. Но, по 35. минута не само што успеа да го превземе водството, на нецели два минути до крајот имаше двоцифрени 67-77.

Михајловски со дабл-дабл учинок од 20 поени и 12 скока беше прв стрелец кај нас, зад него беше Мамузиќ со 14 поени и осум скока.

Крајниот скор на ова второлигашко искуство на Македонија се три победи и четири порази, односно 12. место.

 

Најново во Кошарка