СЕНИОРКИТЕ ЗАМИНАА ЗА ЗАБОК „КОМПЛЕТНИ“

КАКО ЗА КРАЈ НА КОШМАРНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ: И Кметовска под знак на прашалник

Селекторот Марјан Лазовски ја „натера" Ивана Кметовска да патува за Хрватска, која има здравствени проблеми, дали ќе игра против домашната селекција ќе се знае непосредно пред почетокот на утрешниот дуел од 19 часот.

објавено: 20 ноември 2018 - 14:15

Утрешниот дуел против селекцијата на Хрватска, кој стартува од 19.часот во Забок, ќе биде и последниот квалификациски за нашата женска сениорска селекција. Ќе се затвори еден квалификациски циклус, кошмарен за нашите девојки и стручниот тим предводен од Марјан Лазовски.

Една евро-авантура која очигледно не ни беше потребна, посебно не во едни вакви услови на функционирање. Нашата женска селекција во овој момент не е ниту од далеку конкурентна, особено ако се земе во предвид дека поради низа на околности Лазовски остана без оние носители на играта.

Како оние странските, натурализираните, како Бонер и Гивенс, така и од оние домашните, како Јелена Антиќ, Едина Муса, Ана Тантуровска, Нена Трајчевска...

Пред да дојде крајот на маките, Маки Лазовски дозна дека можеби ќе мора да игра и без својата, во овој состав, највисока кошаркарка - Ивана Кметовска!

Кметовска се пожалила на здравствени проблеми (со крајниците). Но Лазовски ја убедил да биде дел од тимот со кој делеше и добро и лошо низ овие квалификации. Па во овој резултатски тотално неважен дуел, ќе настапат сите оние кои го сторија во претходниот меч со селекцијата на Шведска.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2019
ГРУПА Х
ДВОЈКИ 6.КОЛО

СРЕДА:
19.00: Хрватска – МАКЕДОНИЈА
20.30: Италија – Шведска

ТАБЕЛА
1.Италија 5 4 1 358:267 9
2. Шведска 5 4 1 376:277 9
3. Хрватска 5 2 3 352:302 7
4. МАКЕДОНИЈА 5 0 5 231:470 5

Најново во Кошарка