ЗНААТ ЛИ КАДЕ ИМ ИГРААТ РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ

КАКОВ КИКС НА МКФ: Ги испрати јуниорките на Европско, а тие играат „Б“ дивизија

Желбата да се биде меѓу најдобрите репрезентации во Европа е едно, но реалноста е сосема друга. Македонската кошаркарска федерација на својата официјална страница објави дека јуниорките патуваат за Ирска каде ќе бидат дел од континенталниот собир.

објавено: 2 август 2017 - 11:11

Желбата да се биде меѓу најдобрите репрезентации во Европа е едно, но реалноста е сосема друга. Македонската кошаркарска федерација на својата официјална страница објави дека јуниорките патуваат за Ирска, каде ќе бидат дел од континенталниот собир.

Кога ја погледнавме информацијата помалку се изненадивме, па за момент и се запрашавме: Кога Македонија, односно една млада генерација во најскоро време успеала да обезбеди место во „елитата"? Одговорот е едноставен и жалосен: Никогаш.

Се прашуваме дали во МКФ прават разлика меѓу Европско првенство или континентален собир, како што самите пишаа и настап во Б дивизија?

Во секој случај, нашите девојки заминаа за Даблин, каде ќе учествуваат на ЕП Б дивизија, а силите ќе ги одмерат со домаќинот, Ирска, како и со Велика Британија, Молдавија, Украина и со Словачка.

Најново во Кошарка