ПРВ СПИСОК НА СЕЛЕКЦИЈАТА „ПОД" 14 ГОДИНИ

Кечовски селектираше: Стефанов, Симиќ, Јовановиќ...

Подготовките ќе започнат на 1. август (среда) со почеток во 12. часот во малата сала на „Кале".

објавено: 12 јули 2018 - 20:10

Националната селекција до 14 години, која пред нешто помалку од еден месец во свој поширок состав ја започна новата генерација на проектот на ФИБА „Заедно до М16" претстојниот август ќе земе учество на меѓународниот турнир кој традиционално се одржува во Словенија, насловен како „Словениа Бол".

Подготовките ќе започнат на 1. август (среда) со почеток во 12. часот во малата сала на „Кале".
Нашата национална селекција ќе биде сместена во групата „А" заедно со селекциите на Хрватска, Унгарија, Русија и домаќинот Словенија. Тоа ги остава селекциите на Бугарија, Израел, Италија, Црна Гора и на Украина во групата „Б".

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВ СОБИР

Теодор Симиќ, Марко Трифуновски, Виктор Стојковски, Петар Башовски (Партизан Водно санс), Мартин Ѓорѓиовски (Работнички), Лука Џинес (МВП Струмица), Рубин Стефанов (Анадолу Ефес Турција), Теодор Гудев (Ролинг), Бојан Стојановски (МЗТ), Мартин Оровчанец (Вардар), Ненад Јовановиќ (Стела Азура), Бојан Николовски, Ненад Благоевски, Ристе Буклишев (ФМП Академија), Лука Димитриевски (Пинк пантери), Ѓорѓи Ташев, Стефан Дуковски (Феникс 2010), Петар Бошалевски (АВ Охрид)

Најново во Кошарка