СТРУЧНИОТ СОВЕТ НА МКФ НОСИ ОДЛУКА

Кој ќе биде селектор на младинците?

Стручниот Совет на МКФ, треба да ги разгледа планот и програмата за работа на двајцата кандидати, по што треба да донесе став кој ги исполнува условите да биде избран за нов предводник на селекцијата „Под 20" години.

објавено: 7 декември 2018 - 12:00

Мики Наумовски или Дарко Радуловиќ?

Тоа е дилемата пред која ќе се исправи Управниот одбор при гласањето за новиот предводник на селекцијата „Под 20" години која следното лето ја очекува настап на ЕП од Дивизијата „Б".
Како што претходно пишуваше „Спортмедиа", актуелниот предводник на второлигашот Карпош Соколи и оној на прволигашот Вардар, влегоа во потесна конкуренција за оваа селекторска позиција.

Но Стручниот Совет сака (ше) да ги тргне сите дилеми околу „конечниот победник" па од Наумовски и Радуловиќ побарал дополнително, план и програма за работа на таа национална селекција во претстојниот период. Односно по евентуалното именување-избор за нов селектор. Момент што досега не бил во пракса присутен при избирањето на предводници во нашите младински селекции, но сепак...
Затоа пак стручните лица, членовите на Советот немале дилеми околу предлозите кои ќе одат пред УО на МКФ, а се поврзани со избор во другите две машки селекции, кои исто така наредното лето имаат европски обврски.
Би се рекло, сосема очекувано, Денис Дервишевиќ е предложен да ја води селекцијата на играчи родени 2003 година и помлади, („Под 16"), на првото за нас, кадетско ЕП од Дивизијата „А" во историјата, кое од 9. до 17 август ќе се одржи во Удине.
Тренерот на Феникс 2010 и претходно го водеше овој состав на млади играчи, па неговиот избор е само продолжување на работата, односно своевиден континуитет на акцијата „Заедно до 16" години.
Новитет би требало да биде евентуалниот избор на Бојан Христовски за селектор на репрезентацијата „Под 18" години.

Некогашниот тренер на скопски Вардар, а сега дел од стручниот тим на унгарскиот прволигаш Егис Керменд, ќе биде предложен за носител на оние тренерски активности во селекцијата на играчи родени 2001 година и помлади, која исто така ја очекува учество на ЕП од Дивизијата „Б", од 26.јули до 4. август во Орадеа.
Засега останува отворено прашањето со кој стручен кадар ќе бидет пополнети селекторскит места во женска конкуренција.ж
Во меѓувреме, раководството на МКФ одлучи да го повтори конкурсот за пријавување на кандидати за селекциите „Под 16" и „под 18" години.
Б.Радуловиќ

 

Најново во Кошарка