ШВЕДСКАТА КАДЕТСКА СЕЛЕКЦИЈА ПОДОБРА ОД МАКЕДОНСКАТА

Кон Софија со пораз

На последната проверка, непосредно пред тргнувањето за главниот град на Бугарија, нашите кадети загубија од Шведска со резултат 79:86

објавено: 8 август 2017 - 19:15

Нашата кадетска репрезентација заврши со подготовките за она што им следува во нареднито период. настапот на Европското првенство (Дивизија Б), кое од 10. август стартува во Софија.

Избраниците на селекторот Горан Ѓорѓиевски одиграа неколку пријателски натпревари во изминатиот период. притоа забележаа четири победи и два порази.

А на последната проверка, непосредно пред тргнувањето за главниот град на Бугарија, нашите кадети загубија од Шведска со резултат 79:86 (16-26, 25-14, 19-23, 20-22).

Во првите 20 минути од играта, двете селекции разменија по една добра четвртина, додека многу поизрамнета беше играта во вториот дел од оваа последна „контрола“ за нашиот тим „Под 16“. во кој Бошковски реализираше 20, поени, најмладиот во ова друштво, Миловановиќ даде 17, Исајлоски имаше 11, а Кацарски уште десет поени.  

 

 

Најново во Кошарка