РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ БЕК НАЈАВИЛ ЗАДОЦНУВАЊЕ

Костоски ќе се приклучи најдоцна до четврток

Плејмејкерот не е во Македонија,но изразил подготвеност да им се приклучи на своите репрезентативни колеги најдоцна до четврток...

објавено: 18 јуни 2018 - 14:35

Од оние играчи на кои сметаше селекторот, не дојдоа Дарко Соколов (коленото), Кирил Николовски (влечел стара повреда на скочниот зглоб) и Андреј Маслинко (рекол дека треба да прави операција на зглобот на раката и не можел да ја одложи за после мечот со Швајцарија).

Тројцата нема да бидат дел од тимот на ова гостување.

Центарот Бојан Крстевски има болки во грбот и не тренираше, но вчера се појави во малата сала на СЦ „Јане Сандански" и тој на тимот ќе му се приклучи наскоро, можеби уште денеска.

Го немаше ниту плејмејкерот Александар Костоски, кој не е во Македонија и најавил дека ќе доцни два-три дена. Откако Костоски и Крстевски ќе се приклучат, некаде најдоцна до крајот на работната недела, Давитков дури тогаш ќе ги има потребните 12 играчи на располагање.

Најново во Кошарка