ВО БРАТИСЛАВА СЕ ИГРАА САМО 25 МИНУТИ ОД „КОНТРОЛАТА“

КРАЈ: Македонија ја победи Словачка, макар и со прекин!

Неспортска за Тасовски, исклучувачка за Костоски – и КРАЈ! Во 25. минута, при наше водство (58:54), и дефинитивно, натпреварот е прекинат, нашите момци се пакуваат. и за кратко време тргнуваат кон Виена...

објавено: 12 јули 2017 - 17:49

Неспортска за Тасовски, исклучувачка за Костоски – и КРАЈ!

Во 25. минута, при наше водство (58:54), и дефинитивно, натпреварот е прекинат

Словачка – Македонија 54:58, прекинато на 5:57 минути пред крајот на третата четвртина!!!

Нашиот тим стартуваше со Стојановски, Теодор, Тасовски, Чековски и изненадувањето, Мекиќ. И тоа прво полувреме протикна во доста „отворена кошарка", без многу мислење во оние дефанзивни делови од играта, на двете страни.
Иако Давитков најави дека ќе го поштеди Џордан Теодор сепак, новиот македонец (со американски пасош) одигра повеќе од 17. минути од првото полувреме.
И беше нашиот најдобар стрелец во тие ефикасни 20 минути, даде 12. поени.
Одлично беше и изданието во нападот на Тасовски, кој имаше два помалку, во она наше водство од (54:50), кое го имавме на големиот одмор.
Дваесет минути во кои Давитков проба девет од 13 присутни играчи (Младеновски остана на трибините во салата во Братислава).
Иста беше разликата и по нецели пет минути од играта во третата четвртина (58:54), кога по еден нереализиран обид, Тасовски доби неспортска лична грешка, а по нервозната реакција, Александар Костоски - дисквалификациска.
По долго натегање, и двете селекции се упатија кон соблекувалните, и повеќе не се вратија на теренот. 

Тука некаде беше крајот на оваа втора „контрола“ за нашиот национален тим во Словачка, која ја „добивме“, макар и со службен резултат. 

И навистина, овој меч ќе се води како историски. Особено ако се земе в предвид дека, ќе се памети во историјата на нашата репрезентативна кошарка, дека за прв пат, не сме доиграле еден официјален натпревар, макар и од пријателски карактер. 

Најново во Кошарка