ОДИГРАА РАКОМЕТЕН МЕЧ

ЛАДЕН ТУШ ВО СОФИЈА: Младинците постигнаа само 34 поени против Унгарија

Македонската младинска репрезентација го одигра еден најслабиот поентерски натпревар на ЕП „Б“ дивизија во Софија. Не само што загуби од Унгарија, за 40. минути постигна 34 поени. 

објавено: 21 јули 2018 - 18:59

По вчерашниот триумф над Албанија, ладен туш за македонската младинска селекција на ЕП „Б“ дивизија во Софија. Избраниците на Никола Василев го одиграа најслабиот меч кога станува збор за поентерскиот дел, постигнаа 34 поени, а на крајот загубија од Унгарија со 57-34.

Денеска беше поинаков ден, реализацијата беше очајна, нашите кошаркари имаа 22 обиди од линијата за три поени, е не погодија ниту еден.

Виктор Ефремовски со 11 поени и Ранко Мамузиќ даде 10, беа единствените кошаркарки со двоцифрен број на поени. Во борбата за 11 место, младинците ќе играат со поразениот од дуелот меѓу Белорусија и Португалија.

Најново во Кошарка