КОШАРКАРКИТЕ ДЕНЕСКА СТАРТУВААТ СО ПОДГОТОВКИТЕ

Лазовски останува без уште една репрезентативка

Македонската женска репрезентација, денеска стартува со подготовките за квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство. 

објавено: 6 ноември 2017 - 11:00

Македонската женска репрезентација, денеска стартува со подготовките за квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство. Покрај најавите Јелена Антиќ и Ана Тантуровски, кои пред две недели се здобија со тешки повреди, селекторот Марјан Лазовски за двата дуели против Италија и Шведска, нема да може да смета на услугите на Ивона Пејковска, исто поради повреда.

Првиот тренинг е закажан денеска со почеток во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“, а додека првиот квалификациски дуел го играме на 11 ноември против Италија на домашен терен. Македонија во ноември ќе одигра и против Шведска, а во нашата група уште се наоѓа и селекцијата на Хрватска.


СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Криси Гивенс – Авенида (Шпанија)
Ивана Кметовска – Замарат (Шпанија)
Анџелика Митрашиновиќ – Будуќност (Црна Гора)
Нена Трајчевска – Бор (Србија)
Софија Лазареска – Бадел 1862 (Македонија)
Александра Стојановска – Бадел 1862 (Македонија)
Кристина Јаневска - Вардар (Македонија)
Цветанка Димова – Бадел 1862 (Македонија)
Сања Адамовска – Бадел 1862 (Македонија)
Анамарија Шеќероска – Струга 2009 (Македонија)
Јована Петрушевска – Вардар (Македонија)

Најново во Кошарка