ЛЕГЕНДАРНАТА ТРОЈКА НА ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ НА ЕП ВО ЛИТВАНИЈА

„Леле што направивме“: Седум години од незаборавниот момент..! (ВИДЕО)

На денешен ден пред седум години најдобрата кошаркарска репрезентација тогаш предводена од селекторот Марин Докузовски испиша нова спортска историја за нашата земја.

објавено: 14 септември 2018 - 12:00

Во решавачките моменти од четвртфиналето на Европското првенство на 14. септември 2011 година, Македонија оствари голема победа над домаќинот Литванија со 67:65.

Влатко Илиевски беше херојот кој постигна клучна тројка на нешто повеќе од 11 секунди до крајот на мечот за шок на трибините и се славеше историско полуфинале на континенталниот собир.

Следуваше и легендарната изјава на нашиот плејмејкер Илиевски: „Леле што направивме" после завршувањето на натпреварот.

Останавме без медал, во полуфиналето најпрвин загубивме од Шпанија, а во битката за третото место претрпевме пораз од Русија.

Најново во Кошарка