ПОРАЗ НА ПОСЛЕДНИОТ ПРИЈАТЕЛСКИ ДУЕЛ

ЛОШ ЗНАК: Бугарија нѐ растури во Ботевград

Македонската репрезентација на последниот натпревар во подготвителниот период за Светскиот Куп 2019 е поразена на гостувањето кај Бугарија со 96-74. 

објавено: 28 јули 2017 - 18:40

Македонската репрезентација со пораз го завршува делот на контролни натпревар пред стартот на претквалификациите за Светскиот Куп 2019. Избраниците на Јорданчо Давитков на гостувањето кај Бугарија беа совладани со убедливи 96-74 (22-28, 20-15, 28-19, 26-12).

Без Војдан Стојановски, но со Џордан Тедоро во составот, нашите кошаркари настапија на денешниот дуел. Иако во составот го немавме капитенот, сепак не смеевме да си дозволиме убедлив пораз, не од селекција како што е Бугарија.

Добро го почавме мечот, по првите десет минути имавме водство од 28-20, додека на полувремето заминавме со минимални 42-43. Дуелот го загубивме во третата четвртина во која Бугарија при 43-45 направи серија и поведе со највисоки 57-47 во 25. минута. Успеавме да дојде на 65-62, но немавме сили за целосен пресврт. Противникот за брзо време направи нова серија и повторно дојде на двоцифрени 92-72 на две и пол минути до крајот. 

Теодор со 14 поени (од кои 10 во првата четвртина) и Јанески со исто толку поени беа најефикасни во нашиот табор. По 10 поени запишаа Костоски и Чековски. 

За македонската репрезентација која на втори август го игра првиот претквалификациски меч против Косово во Приштина, ова беше втор пораз во подготовките во кој има пет победи. 

 

 

 

Најново во Кошарка