По Хрватска, дојде уште еден убедлив пораз за нашата најдобра женска репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство 2019 година. Италија во Скопје покажа едно лице, а се чини за реваншот на домашен терен го чуваше најдоброто. Избраничките на селекторот, Марјан Лазовски се демолирани со крајни 93:33.
На Македонија и беа потребни осум минути да ги постигне првите поени, по серијата од 21-0 на домаќинот, Лазареска конечно ја прекина серијата, по првите десет минути беше 24-4. Нешто подобра игра можевме да видиме во следниот период, не затоа што нашите девојки блескаа, туку успеаја да постигнат 15 поени. Довифрената бројка „црвено-жолтите“ ја минаа во третата четвртина во која реализираа 11 поени, а потоа повторно влегоа во бездна, дури на крајот успеаја да постигнат цели три поени.
Дека ќе биде подобро во иднина, дефинитивно не можеме да се тешиме и покрај тоа што во составот немавме неколку стандарни репрезентативки, без дел од нив игравме и на мечот во Скопје.
Кога сме кај стрелците Митрашиновиќ со девет поени беше нашата најефикасна кошаркарка.