ПРИКАЗНИ ОД МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА И ИГРАЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ

Мекејлеб прво се јавил, а потоа едноставно го снемало

Најавите дека Лестер Бо Мекејлеб ќе се врати во македонската репрезентација, сепак биле вистинити. Неофицијално дознаваме дека од МКФ контактирале со него, првата реакција била позитивна, но потоа нешто се изјаловило...Никој не знае што точно се случило во меѓувреме, Бо едноставно го снемало!

објавено: 20 ноември 2017 - 14:30

Ниту за овие квалификации Македонија нема да влезе без проблеми, кои веќе ни се добро познати. Ние станавме една од ретките земји во кои репрезентацијата за дел од кошаркарите е на второ место и постојано се молиме за националниот дрес.

Селекторот, Јорданчо Давитков за првата квалификациска фаза излезе со список од 24 играчи, а на денешниот тренинг се појавија само 14. Дел од оние кои ќе го скокнат ноември се повредени, за дел не е позната причината, а има и такви со кои добро почнале преговорите, но потоа целата работа се изјаловила. 

Најавите дека Лестер Бо Мекејлеб ќе се врати во националниот дрес, сепак биле вистинити. Неофицијално дознаваме дека од МКФ контактирале со него, првата реакција била позитивна, но потоа најдобриот натурализиран Македонец наеднаш со снемало!!! Зошто и како, и што точно се случило во меѓувреме никој не знае.

Токму поради ова, но и повредата на коленото со која Ричард Хендрикс се здобил во меѓувреме е причината поради која Давитков, сакал или несакал ќе настапи само со македонски кошаркари.

Репрезентацијата во Скопје ќе тренира до среда, кога треба да замине за Словачка каде на 23 овој месец го играме првиот квалификациски меч, три дена подоцна дома го пречекува составот на Швајцарија.

 

 

 

Најново во Кошарка