Промена на плановите

Место во Куманово, Трајковски кон Приштина


„Одам во Приштина и со една друга цел, да ги оставам сите овие работи кои ми се случија во изминатиот период зад себе"...
„Јас бев подготвен да се ставам на располагање на националниот тим. Но тоа си е работа на селекторот, иако мислам дека неговото его е преголемо, и не може никој да го спушти на ниво на некоја нормална комуникација за која сметам дека треба да постои и во вакви ситуации"- појаснува Трајковски.

 

 

објавено: 17 август 2016 - 11:50

Бојан Трајковкси не мирува дури и кога е соочен со се поизвесната дисциплинска постапка која против него ја отпочна МКФ, веројатно по „препорака" на селекторот Драган Раца, а многу извесно ќе заврши пред Дисциплинската комисија.
Но сега стана многу појасно дека силното крило има сосема поинакви планови.
Соочен со можна суспензија, се чини дека единственото логично решение за него во овој момент е кариерата да ја продолжи во некоја друга земја.
И тоа во блиското соседство, односно во екипата на Сигал Приштина. Клубот со кој пред две сезони успеа да ја освои БИБЛ лигата, и кој му понудил далеку поприфатливи услови од оние кои пред извесно време беа ставени „на маса" од страна на раководството на Куманово.
Но не заборава на оној актуелен момент кој вели дека и покрај се, Трајковски бил подготвен, да се стави на располагање на националниот тим.
Пред се затоа што тоа од него го побарале неговите соиграчи.
„Многу веројатно е дека селекторот си има неки свои математики откако одлучил, како што прочитав во медиумите, да стави крај на таа 'приказна'. Мислам дека таа е малку поинаку, особено во делот во кој станува збор за должината на моето отсуство од селекцијата, што може да го потврдат и некој од играчите присутни во таа прилика.
Како и да е, јас бев подготвен да се ставам на располагање на националниот тим. Но тоа си е негова работа, иако мислам дека неговото его е преголемо, и не може никој да го спушти на ниво на некоја нормална комуникација за која сметам дека треба да постои и во вакви ситуации"- појаснува Трајковски, кој од денеска веројатно своите мисли, знаење и квалитет ќе ги насоши на друга страна.

 


Пред се затоа што ги договорил сите услови да биде нов, или поточно кажано, стар играч на екипата на Сигал Приштина. Тоа е дефинитивно големо изненадуавње ако се знае дека пред десетина дена Трајковски важеше како „дефинитивен дел" на Куманово.
Трајковски појаснува зошто дошло до промена на неговите планови.
„Трeбa да се биде искрен и да се каже дека ситуацијата во Куманово не е онаа истата од пред десетина дена. односно дека раководството на клубот има некои поинакви планови во кои нема место за мене. Впрочем, јас имав 'отворен договор' со нив. Истиот вели дека во случај на понуда од странство можам да си заминам од Куманово. Одам во Приштина и со една друга цел, да ги оставам сите овие работи кои ми се случија во изминатиот период зад себе"- додава „немирното момче" како свое образложение.

Најново во Кошарка