ФИБА ДОДЕЛИ ЕДНО ПРВЕНСТВО

МКФ доби нова организација - ЕП „Б дивизија“ за јуниори

Македонската кошаркарска федерација до година ќе биде организатор на едно младинско првенство, се пофалија од Македонската кошаркарска федерација.

објавено: 4 декември 2017 - 11:10

Македонската кошаркарска федерација до година ќе биде организатор на едно младинско првенство, соопштија од МКФ. На централниот одбор, одржан изминатата сабота (2. декември) се одлучуваше за организатори на младинските европски првенства од сите дивизии, во машка и во женска конкуренција како и за Европското првенство за мали земји.

Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на јуниорското првенство за мажи (дивизија Б). Првенството ќе се одржи во нашиот главен град, а ќе започне на 27. јули, а ќе трае до 5. август.

Нашите кадетки ќе се натпреваруваат во Подгорица, од 16. до 25. август. Кадетите ќе настапат на Европското првенство (дивизија Б) кое ќе биде организирано во Сараево од 9. до 18. август. Младите кошаркари до 20 години ќе настапуваат во Софија од 13. јули до 22. јули.

Најново во Кошарка