ПО ЕДНА СЕЗОНА ВО СЛОВЕНЕЧКАТА ИЛИРИЈА

Младеновски се врати во МЗТ Скопје!

Откако го потврди останувањето на Ѓорѓи Кочов на клупата, како што претходно најави „Спорт.ком.мк“, екипата на МЗТ Скопје Аеродром денеска го и доби првото засилување, репрезентативецот Љубомир Младеновски...

објавено: 25 јуни 2018 - 18:03

Високиот центар се враќа во средината во која претходно мина четири години со исто толку освоени титули и каде што, слободно може да се каже, ги направи првите чекори во професионалната кариера. Младеновски минатото лето изрази желба да замине во странство, по што мина една сезона во дресот на словенечка Илирија, каде што играше повеќе од солидно со просек од 9,3 поени и 6,5 скокови. Тој сега потпиша двегодишен договор со МЗТ Скопје Аеродром, побогат со интернационално искуство од првенството на Словенија.

Како што претходно најави „Спорт.ком.мк", новото засилување на аеродромци во моментов финишира со опоравувањето од потешката повреда на раката, поради која ја пропушти завршницата од сезоната на Илирија, а тоа е и причината што не е дел од репрезентација на Македонија во јунскиот циклус од претквалификациите.

Рехабилитацијата минува подобро од очекувањата и сигурно е дека Младеновски ќе биде максимално подготовен за првиот собир на тренерот Кочов во месец август.

Најново во Кошарка