ВО САРАЕВО, СТАРТУВА ЕП ОД ДИВИЗИЈАТА „Б" ЗА КАДЕТИ

Можат ли кадетите да го обелат македонскиот образ?

Младинците завршија како 12, јуниорите на 18 место во „Б" сегментот од европската младинска кошарка... На која пак позиција ќе завршат нашите кадетски репрезентативци пред кои е настапот на евро-шампионатот од истата конкуренција во главниот град на БиХ.

објавено: 9 август 2018 - 14:30

Пред нашите млади кошаркари, (играчи родени 2002 година и помлади) е првиот посериозен европски испит. За првпат се појавуваат во една ваква, ФИБА конкуреција, иако пред две години беа дел од оној турнир во Словењ Градец кој важи како некое неофицијално натпреварување под капата на светската кошаркарска федерација.

Дефинитивно нема да им биде воопшто лесно, ако се мери и според имињата на потивниците кои се дел од групата „Б" во која е сместен нашиот кадетски состав.
Во друштво сме на големата Русија, со која денеска и го отвораме шампионатот во Сараево, а тука се и секогаш добрата Белгија, непредвидливата Словчака, плус две скандинавски селекции како што се норвешката и данската.
Онака „од прва", токму Русија и Белгија треба да се највисоките пречки за поминување на екипата во која имаме и неколку странски адути.

Погледот на дефинитивниот список вели дека оваа репрезентација е и најинтернационалната (во однос на оние постарите).
На располагање се неколку играчи кои своите знаења ги унапредуваат во Италија (Богдан Мирковски, Марко Миловановиќ, Гоце Петрушевски, Никола Груевски), во Шпанија (Лука Савиќевиќ), по двајца играчи од пшампионот во на македонија, Феникс 2010 (Андреј Андоновски и Андреј Митровски, кој е и најмалиот во оваа селекција (роден 2003 година), двајца играчи од вицепрвакот во генерацијата 2002 (Давид Наумовски и Павел Данаиловски), и по еден Вардар (Марко Величковски), од МЗТ Скопје (Славчо Трајковски), и Пинк Пантери (Јован Цветков).
Календарот на турнирот во Сараево, не оди во прилот на нашиот кадетски состав, особено ако се земе в предвид дека во првите три дена играме против условно кажано фаворитите во групата.
Денеска отвораме против Русија, следниот ден играме против Белгија, а по него и со Словачка. По еден ден одмор следуваат дуелите со Данска и со Норвешка.

 

ГРУПИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
ГРУПА А: В. Британија, Шведска, Португалија, Луксембург, Романија, Ирска
ГРУПА Б: Белгија, Русија, Словачка, Норвешка, МАКЕДОНИЈА, Данска
ГРУПА Ц: Полска, Финска, Унгарија, Кипар, Исланд, Бугарија
ГРУПА Д: Украина, БиХ, Чешка, Швајцарија, Косово, Белорусија


9. АВГУСТ: МАКЕДОНИЈА – Русија (16.30ч)
10. АВГУСТ: Белгија – МАКЕДОНИЈА (14.15ч)
11. АВГУСТ: Словачка – МАКЕДОНИЈА (21.00ч)
13. АВГУСТ: МАКЕДОНИЈА – Данска (16.30ч)
14. АВГУСТ: Норвешка – МАКЕДОНИЈА (14.15ч)

СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА
Андреј Митровски, Марко Миловановиќ, Андреј Андоновски, Павел Данаиловски, Славко Трајковски, Лука Савиќевиќ, Давид Наумовски, Богдан Мирковски, Гоце Петрушевски, Јован Цветков, Никола Груевски, Марко Величковски

 

 

Најново во Кошарка