ПОНУДА ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ЦЕНТАР

МЗТ Скопје го враќа Младеновски назад во Аеродром? (ВИДЕО)

Иако сеуште е премногу рано за реализација на некој конкретен договор, сепак, македонскиот вицешампион има намера, односно ќе се обиде да дојде до договор со високиот центар на нашиот национален тим, и лани играч на словенечката Илирија.

објавено: 19 јуни 2018 - 18:46

Љубомир Младеновски не е „активен" во овој јунски претквалификациски циклус на нашиот национален тим. Јасно и потади што. Повредата, скршеницата на левата подлактица, услови да помине извесно време во рехабилитација. Причина поради која и мораше да го откаже настапот и оној меч против Швајцарија.
Но затоа пак активности покажуваaт клубовите кон неговите услуги.

Во прв ред, неговиот поранешен клуб, односно сега веќе некогашниот македонски шампион, МЗТ Скопје.
Новиот раководен тим на „сино-беите" има намера да состави квалитетен тим во кој предност (и минутажа) би имале што е можно поголем број на домашни, и (релативно) млади кошаркари.
А тој „опис" одговара и на перформансите на довчерашниот играч на словенечка Илирија.
Факт е дека Младеновски зад себе има сосема солидна, прва година во странство. Одигра 20 мечеви за Илирија, и притоа во просек реализираше по 9.3 поени и 6.5 скока за нешто повеќе од 20.минути поминати на теренот.

Но и тоа дека повикот од МЗТ Скопје, кој сеуште не е потполно официјализирaн, е добра причина за размислување кај нашиот репрезентативец.
Пред се, доколку на пример, не стаса и друга адекватна понуда на негова адреса.
Во овој момент, Младеновски е во Белград, каде ја реализира онаа рехабилитациска фаза по оперативниот зафат, и се очекува за месец дена да биде во полна натпреварувачка форма.

 

 

 

 

Најново во Кошарка