РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ ДО 15 И ДО 16 ГОДИНИ СО НОВИ АКТИВНОСТИ

На „контроли“ во Истанбул, против Анадолу Ефес, Дарушафака, Галатасарај...

Продолжение на активностите во рамки на проектот за развој на млади таленти на ФИБА насловен како „Заедно до У16".

објавено: 15 јануари 2018 - 15:35

Овој викенд кој е зад нас, репрезентативците до 15 и до 16 години  ги одработија последните тренинзи пред денешното заминување на турнир во Турција.

Двете младински национални селекции минаа четири дена од изминатата седмица во српската престолнина каде учествуваа на пријателски турнир. Селекцијата до 15 години запиша две победи, против младинските екипи на Црвена Звезда и Визура додека беа поразени од Мега Лекс. Постарата генерација, до 16 години, запиша една победа - против Жарково, а загубија од Црвена Звезда и од Земун.

Младинските репрезентации рано во годината ги започнаа репрезентативните активности. Селекцијата до 16 години повторно ќе учествува на Европско првенство ова лето (дивизија Б) додека репрезентацијата до 15 години ќе продолжи со активностите во рамки на проектот за развој на млади таленти на ФИБА насловен како „Заедно до У16".

Во Истанбул, противници на нашите селекции ќе им бидат врсниците од Анадолу Ефес, Дарушафака, Истанбул ББ и од Галатасарај,

Најново во Кошарка