И НЕКОИ ПОЗИТИВНИ РАБОТИ ВО НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ

На младите светот останува...

Вчера вечер во ВИП Арената „Борис Трајковски" не видовме ништо поинаку од она што го имавме видено и во претходните два натпревари. Се мачевме во текот на целиот натпревар со репрезентација која очигледно дека нема никаков посебен квалитет.

објавено: 13 август 2017 - 14:00

Вчера вечер во ВИП Арената „Борис Трајковски" не видовме ништо поинаку од она што го имавме видено и во претходните два натпревари. Се мачевме во текот на целиот натпревар со репрезентација која очигледно дека нема никаков посебен квалитет.

Во првото полувреме игравме доста летаргично без никаква агресивност, ниту во одбраната ниту во нападот, момент што му одговараше на противникот кој лесно го наоѓаше патот до нашиот кош.


Единствена светла точка во тие моменти бесе младиот Младеновски кој со својата игра покажа дека местото не му е да биде закован на клупата како што беше случај во претходните два натпревари..
На моменти делувавме без никаква идеја во нападот што доведе до изнудени шутеви во последните секунди. Па затоа и противникот ја искористи таа наша анемичност за постојано водство во текот на првото полувреме.
Уште некои млади играчи повторно добија пристојна минутажа и доверба од селекторот. И повторно некои од нив покажаа дека не се дораснати (со квалитет) за репрезентативно ниво.
Во второто полувреме заигравме поагресивно во одбраната.. што и донесе и резултат.
На расположените Стојановски и Теодор, во нападот им се придружи и Костоски кој со неколку проектили од далечина го сврте резултатот во наша корист.
Искусните Чековски и Тасовски го оставија срцето на терен и покажаа како треба да се бранат боите на репрезентацијата.


Она што е впечатливо е дека репрезентативците се во лоша физичка подготвеност и доста често и самите бараат измени од селекторот кој треба да им даде повеќе минути на играчите кои се на клупата. Пред се на Мекиќ кој е талентиран играч, и кој заслужува повеќе од две минути поминати на паркетот.
Младеновски и Мекиќ се млади играчи кои и во следните десетина години ќе бидат дел од нашата репрезентација и поради тоа заслужуваат повеќе доверба и повеќе минути од селекторот. Нивното место е на паркетот, а не на клупата за резервни играчи.
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка