МКФ го враќа некогашниот предводник

НАЈДЕН Е КОМПРОМИС: Јорданчо Давитков нов селектор на Македонија

Јорданчо Давитков е новиот селектор на македонската машка сениорска репрезентација.

објавено: 10 март 2017 - 14:37

Јорданчо Давитков е новиот селектор на македонската машка сениорска репрезентација. Македонската кошаркарска федерација, сепак одлучи националниот тим да му го довери токму на тренерот кој веќе има искуство на оваа позиција.

По хаосот што настана на репрезентативно ниво, првиот човек на МКФ, Петар Наумоски, одлучи да не избрзува со одлуките и да најде компромис.

Македонскиот стратег своевремено го наследи Марин Докузовски на клупата на националната селекција во 2001 година, а по низа неуспеси да се пласира на континенталното првенство, Давитков успеа да го направи (дотогаш) најголемиот успех на националниот тим откако во 2005 година обезбеди место во Дивизија А.

Неуспешните квалификации за Евробаскет 2007 беа причината поради која Давитков одлучи да го отстапи селекторското столче за да повторно седне на истото, десет години подоцна.

 

Најново во Кошарка