УШТЕ ДВЕ ПОБЕДИ ЗА СЕЛЕКЦИИТЕ ДО 14 И ДО 15 ГОДИНИ

Нашата младост посилна од онаа на Земун

Уште две победи за селекциите до 14 и до 15 години на камп-турнирот во Турција

објавено: 11 јуни 2018 - 17:00

Македонски национални селекции до 14 и до 15 години на вториот ден од камп-турнирот во Турција запишаа две нови победи на своето конто.

По двете победи запишани против соодветните возрасни генерации од клубот Еге, нашите национални селекции победија против екипите на Младост од Земун.
Условно каѓано, 'постарите', репрезентативците во М15 славеа со (62:41), додека помладите кошаркари од М14, победија со резултат (41:32).

Најново во Кошарка