АНАЛИЗАТА ВЕЛИ МАЛКУ ПОИНАКУ ОД ОНАА СЕЛЕКТОРСКАТА

Селекторе, не е се во „пеналите"...

Ако селекторот Давитков сака(ше) да го оправда поразот од Естонија само поради лошото изведување на слободните фрлања, тогаш тоа воопшто не „држи вода", од проста причина што најголемиот дел „непогодени пенали" дојдоа од најискусните Чековски и Тасовски, кои едноставно останаа без „кислород", и без соодветни замени.

објавено: 6 август 2017 - 11:55

Кошаркарска Македонија се повеќе тоне...

Најавата беше дадена во Приштина, а потврдена и во Скопје. Катастрофата доживеана во дуелот со Косово, особено во првото полувреме, не беше доволно предупредувачки знак за „црвено-жолтите", дека нешто треба да променат, пред се во пристапот а потоа и во играта.
Но тоа беше видливо само десетина минути од оној втор дуел, против Естонија.
Односно оние минути на креативна инспирација на Александар Костоски и реализацвија на Војдан Стојановски, интересно, единствените двајца наши интернационалци во овој момент.


Но за жал тоа беа само тие минути, проблемите почнаа, или почнуваат подобро речено, кога ќе стигне ротирањето.
Колку да сака, селекторотѕ јорданчо Давикот в мора да признае дека има доста „тенок материјал", кој лесно се „кине", но и од оној кој е доста „истенчен", секако заради оние години на играње кои се во рацете и нозете на играчи како Ѓорѓи Чековски и Диме Тасовски.


Секоја чест за нив двајца, но евидентно е дека тие можат толку, и дека од нив стручниот штаб очекува и премногу.
Па и во својата мини анализа на втората, многу позначајна загуба од онаа првата, прва на домашен терен, селекторот Давитков како да подзаборави кога истакна дека „пеналите" биле нашиот најголем проблем во играта.
Можеби нашите кошаркари не реализираа многу слободни фрлања. Но треба да се биде чесен и да се каже дека од нив Чековски имаше (3/10) односно седум нереализирани обиди, а половичен беше и неговиот истогодишник Тасовски (4/8), што сето заедно прави скор од 7/18), односно 11 нереализирани обиди од најлесната позиција за погодување на противничкиот кош.
Најмладите (Мекиќ и Младеновски) не играа. Малку минути доби Стајиќ во оние обиди да се сочува „свежината" на Костоски и на непрепознатливиот Џордан (кој веројатно имаше и друга битка), а реално капитенот Стојановски и не можеше се сам да решава, иако беше оставен во доста ситуации да го прави тоа и најчесто беше доста успешен (9/11 од поле).
Ако се вратиме назад во анализата, во оној дел кон најискусните, јасно е дека и Тасовски, а особено Чековски добија преголем број на минути во однос на нивната (кондициска) спремност.
Сепак, едно се желбите, а друго можностите, оние моменталните, кај двајцата, па и кај нашиот национален тим од каде што доаѓаат информации „дека не е како некогаш".
Па и не може да биде, иако добар дел од овие играчи беа односно се дел од сениорскиот тим неколку години наназад.
Сега одново и се вративме на онаа „гранка" која се нарекува теорија.
Одново влеговме во ситуација во која не зависиме само од нас самите.
Дека сега ни треба и нечија помош. Да се поклопат сите коцки...


А кои се тие?
Јасно е дека како „леб" ни е потребен триумф од најмалку пет поени против Косово во Скопје, затоа што во Приштина загубивме со четири, интересно со иста таква разлика сме и сега поразени од Естонија во Скопје.
Потоа треба да бараме реванш против Естонците, но на нивниот паркет во Талин. А ако не успееме во тоа, тогаш ќе ги молиме момците од Балтикот да ни помогнат. Да го поминат приштинскиот „пекол". Да го победат Косово и Македонија, макар и низ „мала врата" стигне до квалификациите за Светскиот Куп 2019 година, што е нашата основна цел во текот на ова лето.
За поинаков епилог никој не ни размислува(ше) до пред некое време, ама реалноста е таа, нема бегање од неа.

Б. Радуловиќ

 

Најново во Кошарка