Неизвесноста околу Симоновски продолжува

Ситуацијата со Марко Симоновски е многу покомплицирана. Избегната е операција, а прегледите покажале дека станува збор за вклешетени нерви на грбот.

 

објавено: 22 јули 2016 - 18:00

Драган Раца и во следниот период нема да може да смета на Марко Симоновски. Повредата на репрезентативниот бек е покомплицирана, станува збор за вклештени нерви на грбот, поради што рехабилитацијата ќе трае подолго.

Она што е позитивно е дека нема потреба од оперативен зафат и доколку рехабилитацијата се одвива според посакуваниот правец, тој би можел да се приклучи на подготовките за квалификациите за ЕП 2017 нешто подоцна. 

„Со Марко Симоновски имавме состанок пред два дена. Она што е најважно е дека последните прегледи и извештаи од докторите дека тој не треба да прави операција. Станува збор за вклештен нерв, тој прима инекции и ќе видиме како ќе се одвива неговата рехабилитација.
Ние сме подготвени да донесеме и доктори од странство да помогнат. Доколку во иднина биде се како што треба, тој би можел нешто подоцна да и се приклучи на репрезентацијата. Во тој случај ќе работи според посебна програма за да ни помогне во делот каде што е најдбар", Раца ја објаснува ситуацијата со Марко Симоновски.

Најново во Кошарка