ПРОМЕНИ ВО ЖЕНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ТИМОВИ

НЕМА ДРУГ: Стојна Вангеловска ќе ги предводи кадетките

На денешната седница на УО на МКФ, закажана за 17. часот, за која јавноста повторно не е информирана дека ќе се одржи, ќе бидат гласани и идните селектори и асистенти во младинските репрезентации...

објавено: 22 февруари 2018 - 15:00

Легендата на македонската женска кошарка, Стојна Вангеловска е предложена да биде селектор на женската селекција „Под 16" години, а во работата во наредниот период да и помагаат Енвер Мифтари, како асистент и Горјан Стојановски како ментор.

Ова е предлогот на Стручниот Совет на МКФ, кој ќе оди на гласање на денешната седница (повторно затворена за јавноста) на Управниот одбор на МКФ.
Како дел од пакетот во кој во оној женски сегмент, како предлог оди и номинацијата на Жаклина Стојановска да биде избрана за селектор на женската селекција „Под 14" години, а со неа како асистент-тренер да работи Кире Атанасовски.
Сето ова како дополнение на она што „Спортмедиа" го најави пред извесно време, поврзано со оној машки дел од националните тимови во младинските селекции.
Селекцијата „Под 20" години да ја предводи Никола Василев, тренер кој во овој момент работи во Литванија. А во стручниот штаб ќе бидат инволвирани уште и Дарко Радуловиќ како асистент, и Будимир Јоловиќ како ментор.
Онаа две години помладата ќе функционира под водство на Панче Милевски, кому пак во работата ќе му помагаат Ангел Љутков, но и Ѓорѓи Кочов.
Промени нема во селекцијата на играчи родени 2002 година и помлади. Со неа и понатаму ќе работи Александар Јованчев, ќе му асистира Мартин Атанасовски, со подршка на Бранко Андриевски.
Денис Дервишевиќ селектор на репрезентацијата „Под 15 години" заедно со Марјан Ѓуров како тренер и Николче Божиновски како ментор.
Најмладата машка селекција му е доверена на Благоја Кечовски заедно со Никола Данев односно Андреја Апостоловски Лечиќ како тренери, и Сашо Лазаров, кој треба да биде во улога на советник, или ментор.

 

Најново во Кошарка