РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ПОТПИША ЗА КАРПОШ СОКОЛИ!

Николовски ќе лета со „соколите“

Соработката е на една година со можност истата да биде продолжена ако постои расположеност кај двете страни.

објавено: 28 јуни 2017 - 17:39

Македонскиот кошаркарски вицешампион, екипата на Карпош Соколи останува доследна на замислата поголем дел од носителите на играта да бидат домашни играчи, што се потврдува и со денешното потпишување договор со репрезентативецот Кирил Николовски (29 год, 210 см.).

Соработката е на една година со можност истата да биде продолжена ако постои расположеност кај двете страни. „Соколите" во Николовски добиваат исклучителен центар кој повеќе од една деценија „војува" низ прволигашките терени. Популарниот Кире доаѓа од таборот на Фени индустри, а во досегашната кариера има играно уште и за МЗТ Скопје и за Вардар осигурување. Тој е стандарден член на репрезентацијата на Македонија со која во моментов се подготвува за настап во претквалификациите за СП 2019.
Претходно, нов договор со Карпош Соколи потпиша и Драган Лабовиќ, а пред потпис се и капитенот Игор Пенов, Дарко Соколов и фантастичниот Американец, Кендрик Пери. Вицешампионот се пријави за настап во Лигата на шампионите на ФИБА.

Најново во Кошарка