СЕЛЕКТОРОТ СО НОВО РАБОТНО МЕСТО, ДОБРО ПОЗНАТО

НОВА ГОДИНА – СТАР КЛУБ: Давитков се враќа во Кувајт, во Кадсиа

По пауза од седум години, актуелниот македонски селектор повторно ќе работи во клубот каде освои шест трофеи...

објавено: 3 јануари 2018 - 08:00

Не остана долго време без работа Јорданчо Давитков.

Селекторот на нашата сенироска репрезентација на својот Фејсбук доцна синоќа објави дека во новата 2018 година ќе влезе на нов работно место, односно можеби старото.

После цели седум години, како што напиша Давитков, ќе се врати во Кувајт, и ќе биде дел од екипата наречена Кадсиа
Клуб во кој работеше во периодот од 2008 до 2011 година, и како што наведе, со него освои шест шампионски титули.
Односно три шампионски пехари на Кувајт, едне Куп на Кувајт како и шампион на ГЦЦ шампионатот.
„Се надевам дека тоа ќе го направием уште еднаш"- - напиша Давитков во својата порака на социјалните мрежи. а
Во изминатиот период, Давитков го предводеше тимот на Ал Шааб од Обединетите Арапски Емирати. И иако беше најавено дека ќе ја продолжи соработката со тимот од ОАЕ, наводно, поради својот ангажман како селектор на Македонија во ноемврискиот циклус од претквалификациите за пласман на ЕП 2021, Давитков не доби и продолжение на договорот.
Остана без договор со Ал Шааб по што по пауза од неколку месеци одлуч да се врати во Кувајт од каде практично почна неговиот „престој" во овие делови од светот.

Најново во Кошарка