ДАВИТКОВ ПРЕСЕЧЕ

ОД ТАКТИЧКИ ПРИЧИНИ: Отпадна трилингот „М", Мекиќ-Маслинко-Магдевски, Димитријевиќ е повреден

Давитков реши за следниот дуел од претквалификациите да не смета на четворица кошаркари. Повредениот Ненад Димитријевиќ, плус и Адем Мекиќ, Андреј Магдевски и Андреј Маслинко.

објавено: 24 февруари 2018 - 20:57

Селекторот Јорданчо Давитков и дефинитивно ги симна сите дилеми околу составот со кој Македонија утревечер ќе се појави на дуелот со Словачка закажан за 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански".

Од оние 16. кошаркари кои се појавија на првата прозивка пред неколку дена, Давитков реши за следниот дуел од претквалификациите да не смета на четворица кошаркари.
Повредениот Ненад Димитријевиќ, плус и Адем Мекиќ, Андреј Магдевски и Андреј Маслинко.
Ова значи дека Македонија утревечер ќе настапи со следните дванаесет кошаркари:
Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Ричард Хендрикс, Кире Николовски, Љубомир Младеновски и Димитар Караџовски.

 

Најново во Кошарка