КАДЕТКИТЕ НЕ УСПЕАЈА ДА ИЗНЕНАДАТ

Одлично прво, очајно второ полувреме

По одличните 20 минути во кои имавме предност (38:31), застанавме во вториот дел, тоа Словенија знаеше да го искористи и да победи со (73:62)

објавено: 18 август 2017 - 21:30

Репрезентативните кошаркарки до 16 години во вториот натпревар во рамки на групната фаза од Европското првенство (Дивизија Б) не ги совладаа врсничките од Словенија.

Избраничките на Стојна Вангеловска беа доминантни во првиот дел од натпреварот, таложејќи двоцифрена предност, но пресингот на словенечките кошаркарки во вториот дел не ни дозволи да ја одржиме таа предност.

Македонија - Словенија 62-73 (16-17, 22-14, 8-16, 16-26)

Кон крајот на натпреварот успеавме двојно да ја намалиме негативата, но не и да ја анулираме во целост за евентуален пресврт.

Утре следи натпревар против селекцијата на Молдавија, со почеток во 18 часот и 45 минути. Натпреварот ќе се одигра во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски".

Стрелци за нашит тим на овој натревар ги постигнаа: Тасевска 2, Плакај 7, Николиќ 25, Селцова 14, Митрева 4, Кожобашиовска 10.

Најново во Кошарка