МКФ ЈА ПОТВРДИ СОРАБОТКАТА

ОФИЦИЈАЛНО: Србиновски ќе ја предводи Македонија на ЕП!

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) потврди дека нов селектор на машката кошаркарска репрезентација е Марјан Србиновски, човекот кој му беше помошник на Марин Докузовски во „црвено-жолтиот“ табор во 2011 година.

објавено: 22 јули 2015 - 17:27

„Марјан Србиновски ја доби довербата да биде Селектор на сениорската репрезентација на Македонија, по разговорот со Заре Марковски, спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација.
 

Прв асистент на селекторот на двете последни ЕП, Србиновски и како кошаркар учесник на Континенталниот собир, ја потврдува определбата на Федерацијата да го искористи сопствениот потенцијал“, стои на официјалниот сајт на МКФ.

На селекторското столче на Македонија, Србиновски го наследува Александар Џикиќ. Жолто-црвените со подготовки почнуваат в сабота, а до почетокот на континенталниот собир, на кој сме во групата Ц која се игра во Загреб, ќе одиграат десет пријателски натпревари. Македонија на ЕП е заедно со Хрватска, Словенија, Грузија, Холандија и со Грција, со која го почнуваме шампионатот на 5 септември.

Најново во Кошарка