САМО СТАТИСТИКАТА ЕДИНСТВЕН ПРОЗОРЕЦ КОН ПОПРАД

Ова е врвот: На Словачка баш и е гајле за кошарка, нема да има „лајвстрим“ од дуелот со Македонија

Дуелот меѓу Словачка и Македонија не само што нема да го пренесува ниту една телевизиска куќа кај нас, истиот нема да го има ниту на „YouTube“ каналот на ФИБА.

објавено: 23 ноември 2017 - 14:35

Дуелот меѓу Словачка и Македонија не само што нема да го пренесува ниту една телевизиска куќа кај нас, истиот нема да го има ниту на „YouTube" каналот на ФИБА.

„За жал нема да има пренос. За претквалификациите националните федерации не се обврзани за да обезбедат stream, каков што е и случајот со Словачка. Тие нема да прават никаков пренос на интернет од натпреварот. Денес ќе има stream само од Албанија – Ерменија. Штета што нема да има пренос", е известувањето на ФИБА до МКФ.

Од канцеларијата на МКФ пишаа дека натпреварот ќе биде пренесуван во живо само на локалната телевизија 213. Статистиката ќе може да се проследи на ФИБА веб-сајтот изработен за овој претквалификациски циклус.

Најново во Кошарка