„СПОРТМЕДИА“ ДОЗНАВА:

Петрески ќе ги води младинците, Кочов - јуниорите?

Предлогот е селекцијата „Под 16" години да работи под раководство на Горан Ѓорѓиевски, а со онаа две години помладата, Денис Дервишевиќ...

објавено: 2 март 2017 - 15:30

Освен главното прашање, кој ќе биде новиот селектор на сениорскиот национален тим, на вечерашниот состанок на Управниот одбор на МКФ (17. часот) ќе бидат разгледувани и предлозите за избор и на предводници на оние други, младински национални тимови.

Ако Марјан Илиевски важи за најсериозен кандидат да ја добие довербата на Управниот Одбор на нашата федерација, тогаш многу блиску е до реализацијата на изборот на селектори и за нашите селекции „Под 14", „Под 16", „Под 18" и „Под 20" години во машка конкуренција.
За таа цел, Стручниот Совет на МКФ, секако, во рамките на своите надлежности, веќе ги доставил своите предлози за избор во овие категории.
Па така, макар сеуште во неофицијална форма, за овие четири селекторски позиции се предложени неколку кандидати, односно тренери чии активности се насошени токму кон тиe возрасни категории.


Па така предлот за селектор на најмладата селекција која летоска треба да учествува на турнирот „Словениа Бол", онаа на играчи родени 2003 година (и помлади) е предложен Денис Дервишевиќ од Феникс 2010.


Две години повозрасните, или селекцијата „Под 16 години" да му биде доверена на Горан Ѓорѓиевски, во моментот тренер на овие категории на играчи во КК Работнички.


Ѓорѓи Кочов, тренер на сениорскиот тим на КК Вардар од Скопје ќе биде предложен за селектор на нашиот јуниорски национален тим. Односно на играчи родени 1999 година (и помлади), или според новата номенклатура на ФИБА, „Под 18" години.


Стручниот Совет ќе го предложи и Мирко Петрески (прв тренер на лидерот на второлигашката конкуренција Гостивар 2015), за носител на сите тренерски активности во онаа највозрасна категорија од оние младинските, селекцијата „Под 20" години.

Најново во Кошарка