МЛАДИОТ ГОЛМАН ПРВО НА ЛЕКАРСКИ ПРЕГЛЕДИ, ПА НА ПОТПИС

По Харбок, во Скопје доаѓа и замената за Штербик

Челниците на Вардар продолжуваат со градење на тимот за следната сезона. По Сергеј Харбок, во Скопје оваа недела треба да дојде 21-годишниот Дејан Милосављев, кој има македонски корени. 

објавено: 21 февруари 2018 - 19:50

Челниците на Вардар продолжуваат со градење на тимот за следната сезона. По Сергеј Харбок кој по дуелот со Пик Сегед и официјално потврди дека се враќа во составот на македонскиот шампион, деновиве треба да пристигне уште едно засилување. 

Дејан Милосављев дефинитивно ќе биде замената за Арпад Штербик на голот на Вардар. Младиот голман до крајот на оваа недела треба да дојде во нашиот главен град, каде најпрво ќе треба да ги мине лексарските прегледи, а потоа да стави потпис со „црвено-црните“.

Станува збор за извонреден млад голман кој има 21 година, кој настапува за Партизан, и беше трет чувар на мрежата на Србија на ЕП во Хрватска. Милосављев е роден во Војводина каде жиеваат голем број на наши иселеници и токму тој потекнува од фамилија која има наши корени. 

Од таборот на Вардар бројните заминувања кои ги потврдија другите клубови, досега официјална потврда дојде само за Роберто Гарсија Парондо, кој ќе биде замена за Раул Гонзалез, како и новиот тренер на голманите Дејан Периќ.

Во најава е руска инвазија во тимот на Парондо. Димитри Киселев е десниот бек од екипата на Ст. Петербург кој е „заверен" од Вардар како замена за Хорхе Македа кој одлучи во новата сезона да ги брани боите на Пик Сегед. Киселев е руски репрезентативец кој има 23 години. Се бараат замени и за Лука Циндриќ (Келце), Илија Абутовиќ (РН Левен), Мијајло Марсениќ (Фуксе Берлин). Одлуката е на нивните места да дојдат Дмитриј Шанталов (Чеховски Медведи) и Максим Михалин (Краснодар). Микхалин е на местото од Марсениќ а Шанталов ќе се обиде да биде новиот Абутовиќ.

 

 

 

Најново во Ракомет