ПОЗНАТ РАСПОРЕДОТ ЗА ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2021

Почнуваме во Словачка, завршуваме во Швајцарија

Македонската кошаркарска репрезентација претквалификациите за Европското првенство 2021 ги почнува на 23. ноември на гостински терен, а ги завршува во Швајцарија. 

објавено: 1 септември 2017 - 11:22

Откако кошаркарите не успеаја да се пласираат во квалификациите за Светското првенство, шансата за пласман на Европското првенство 2021 година ќе ја бараат против Словачка и Швајцарија. Прв противник на избраниците на селекторот, Јорданчо Давитков во претквалификацискиот циклус ќе биде Словачка, дуелот го играат на 23. ноември на гостински терен. Три дена подоцна, Македонија ја пречекува Швајцарија.

Реванш дуелите се играат во февруари, на 25-ти сме домаќини на Словачка, додека три дена подоцна и гостуваме на Швајцарија. 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ; ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЕВРОБАСКЕТ 2021

23. ноември, 2017 година
Словачка – МАКЕДОНИЈА

26. ноември, 2017 година
МАКЕДОНИЈА – Швајцарија

25. февруари, 2018 година
МАКЕДОНИЈА – Словачка

28. јуни, 2018 година
Швајцарија - МАКЕДОНИЈА

Најново во Кошарка