ЛОШИ ВЕСТИ ВО НАЈАВА

Проблем за Давитков: Звезда нема да го пушти Антиќ?!

објавено: 13 ноември 2017 - 18:10

Иако освен поширокиот список за престојните квалификациски дуели за ЕП 2021, засега нема други информации околу тоа кој од искусните кошаркари ќе настапи во дресот на македонската репрезентација, стигна лоша вест од нашите северни соседи.

Српските медиуми откриваат дека Перо Антиќ најверојато ниту овој пат нема да одговори позитивно на поканата на селекорот, Јорданчо Давитков. Главна причина е поклопувањето на термините на квалифициските натпревари и дуелите од Евролигата. Токму на 23 овој месец кога Македонија и гостува на Словачка, Црвена Звезда за кого настапува нашиот кошаркар игра на домашен терен против Басконија. Како што самите велат, не се прашува само Антиќ и Македонија, главниот збор го имаат челниците на српскиот тим, тие ќе одлучат дали тој ќе го облече „црвено-жолтиот“ дрес.  

Покрај дуелот со Словачка на гости, Македонија на 26. овој месец на домашен терен ја пречекува Швајцарија. Првиот собир е закажан за 20 ноември во СЦ „Јане Сандански“.

 

Најново во Кошарка