НЕМА ПРОСТОР ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ

ПРОБЛЕМОТ ЌЕ БИДЕ РЕШЕН: Кошаркарите утре на тренинг во СЦ „Борис Трајковски“

Салата „Борис Трајковски“ ќе биде подготвена за утрешните активности на македонската репрезентација и противникот во вториот квалификациски циклус за пласман на ЕП, Романија. 

објавено: 14 септември 2018 - 21:00

Големиот семафор кој до 18 часот беше на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ и ги принуди кошаркарите да тренираат во СЦ „Јане Сандански“, утре ќе биде поставен на планираното место (горе на средина на теренот). Одговорните во салата најавуваат дека навреме ќе ја завршат својата задача и нема да дозволат било какви проблеми пред големиот меч на македонската репрезентација против Романија кој е закажан за во недела со почеток во 18:15 часот.

Селекторот, Јорданчо Давитков и неговите избраници утре во 11 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одработат последниот тренинг, нешто подоцна ќе истрча и репрезентацијата на Романија.

Билетите за дуелот меѓу Македонија и Романија се пуштени во продажба и може да се купат по цена од 100 денари.  

 

Најново во Кошарка