БИЛЕТИТЕ ЗА ДВАТА ДОМАШНИ МЕЧА ОД УТРЕ ВО ПРОДАЖБА

„Против Косово да се чуствуваме дека играме дома“

„Ја повикуваме публиката да дојде во што поголем број и против Естонија, но и против Косово, да се чуствуваме дека играме на домашен терен“, порачаа од таборот на македонската репрезентација. 

објавено: 31 јули 2017 - 13:20

Билетите за претквалификациските натпревари против Естонија и Косово од утре и официјално ќе бидат пуштени продажба по цена од 200 (за двата меча) и 150 денари (за еден меч).

Од таборот на македонската репрезентација се надеваат дека СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде исполнета до последното место, особено за дуелот против Косово и ќе се чуствуваат дека играат на домашен терен.

„Уште сега ги повикуваме навивачите за дуелите со Естонија и за Косово и на тој начин да се чуствуваме дека играме на домашен терен“, изјави на денешната прес-конференција селекторот, Јорданчо Давитков. 

Македонската репрезентација утре попладне заминува за Приштина каде в среда против Косово ги отвара претквалификациите за СК 2019.

 

Најново во Кошарка