ЌЕ ИМА МАЛКУ ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА

ПРОЗИВКА ВО ПОНЕДЕЛНИК: Тргнуваме на 20 ноември

Селекторот на машката сениорска конкуренција, Јорданчо Давитков, ќе прозива за неколку дена...

објавено: 17 ноември 2017 - 11:40

Нашата сениорска машка репрезентација идната недела ќе одигра два натпревара во рамки на првиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европското првенство 2021.

Првиот тренинг ќе се одржи во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански" (во 9.30 часот).
Согласно со календарот во претквалификациите, прв противник во овој „прозорец" ќе ни биде селекцијата на Словачка.
Репрезентација со која одигравме два пријателски натпревари во рамки на подготвителниот период за претквалификациите за Светското првенство 2019.
Ќе се пресметаме со нив на 23. ноември во градот Попрад (18. часот.) А три дена подоцна, на 26. ноември, ќе ја нагостиме соодветната селекција на Швајцарија.
Тој натпревар ќе се одигра во големата сала на СЦ „Јане Сандански" со старт во 20.45 часот.

Најново во Кошарка