Познат е поширокиот список на официјално повикани кошаркари

Раца го „скокна“ Соколов, но и Американците

По долги години минати во националниот дрес, Дарко Соколов не се најде на поширокиот список на новиот селектор, Драган Раца. Повик нема и за Владимир Брчков, кој се уште се опоравува од повредата. На денешниот собир закажан за 19 часот, не се очекува да се појави, Предраг Самарџиски, а под знак прашалник е присуството на Перо Антиќ и Ѓорѓи Чековски. 

објавено: 18 јули 2016 - 08:15

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (19 часот) ги стартува подготовките за квалификациите за пласман на Европското првенство следната година. За разлика од минатите собири на националниот тим, овој пат информации околу поширокиот список немаше.

Нашата редакција сепак успеа да дојде до списокот на кошаркари кои денеска во СЦ „Јане Сандански" треба најпрво да се појават на состанокот закажан за 17:30 часот, а потоа да го одржат првиот тренинг.

Она што е сигурно е дека на списокот го нема Дарко Соколов. Кошаркарот на Карпош Соколи, кој е долгогодишен репрезентативец не доби покана од новиот селектор, Драган Раца.

Откако минатата година Владо Илиевски одлучи да стави крај на репрезентативната кариера, предводникот на „црвено-жолтите" ја испочитува неговата желба, на негово место се повикани „помлади" кошаркари.

Засега покана нема за ниту еден натурализиран Македонец, а на денешната прозивка се очекува да не се појави ниту Предраг Самарџиски, кој најави дека поради здравствени приватни причини ќе ги пресконе квалификациите.

Раца испрати покана до ветераните Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски и Димитар Мираковски, чие присуство е исто така ставено под голем знак прашалник.

Мистеријата кој ќе одлучи да игра во квалификациите за ЕП 2017 останува да биде разрешена вечерва. За постетување МКФ пред извесен период преку соопштение извести дека сите оноие кошаркари кои од неоправдани причини нема да се појават на репрезентативните собири ќе се соочат со суспензии.

СПИСОК НА ОФИЦИЈАЛНО ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
БЕКОВИ: Александар Костоски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Димитар Мираковски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Димитар Караџовски.
КРИЛА/КРИЛНИ ЦЕНТРИ: Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Кирил Николовски, Бојан Трајковски, Марјан Јанески, Ѓорѓи Чековски.
ЦЕНТРИ: Перо Антиќ, Љубомир Младеновски, Педраг Самарџиски, Марко Дујковиќ.

Најново во Кошарка