Проблеми во националниот тим

Раца: Веќе не сметам на Трајковски

„Трајковски ме праша дали може да биде ослободен од саботниот тренинг и јас му дозволив. Сепак тој не се појави во наредните денови" изјави селекторот

објавено: 26 јули 2016 - 20:18

Крилниот центар Бојан Трајковски е исфрлен од тренинг кампот на македонската репезентација. Крилниот центар, кој побарал отсуство во саботата, не се појавил во наредните денови, и тоа е доволна причина за селекторот Драган Раца да го избрише од комбинација за квалификациите Евробаскетот.

„Немаше никаков проблем со Трајковски. Тој праша дали може да биде ослободен од саботните тренинзи бидејќи требало да биде кум на некоја свадба. Ние му дозволивме, но саботата помина, тој не се појави ниту во наредните два-три дена, и тоа е тоа. Веќе не сметам на него, дефинитивно" - ни изјави селекторот Раца.
Евентуална разврска на целата ситуација за тоа дали крилниот центар ќе се врати во кампот на репрезентацијата, ќе добиеме во наредните денови.

Најново во Кошарка