УШТЕ ЕДНО ИМЕ ПЛУС НА ТРЕНИНЗИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ

Се приклучи и Пенов

Неговата борбеност во одбраната, сестраноста и солидниот шут за три поени, го прават потребен во националниот тим.

објавено: 28 јуни 2017 - 18:40

Од денеска, и дефинитивно, Игор Пенов ја зголеми конкуренцијата на крилната позиција, една од послабите точки во тимот на селекторот Јорданчо Давитков, според бројот на играчи на тоа место.

Искусниот Пенов имаше добра сезона во дресот на Карпош соколи во АБА-лигата и во домашното првенство, па затоа и доби повик од националниот тим. Неговата борбеност во одбраната, сестраноста и солидниот шут за три поени го прават потребен во националниот тим.

Тој ги пропушти тренинзите во првата недела од подготовките, но откако се врати од одморот во Шпанија, веднаш им се приклучи на репрезентативните колеги.
Така, сега Давитков има една опција повеќе за комбинирање на позицијата „три", што е добар знак пред оној нареден дел од подготовките, „качувањето на Маврово".

Најново во Кошарка