НОВИОТ СОБИР Е ПРЕДВИДЕН ЗА 19 ФЕВРУАРИ

Шестдневни подготовки за „црвено-жолтите" во февруарскиот „прозорец"

Подготовките на македонската репрезентација за дуелот со Словачка на 25 февруари во Скопје, ќе траат шест дена. Селекторот Јорданчо Давитков првиот тренинг го закажа за 19 февруари во салата на СЦ „Јане Сандански".

објавено: 21 јануари 2018 - 13:30

Подготовките на македонската репрезентација за дуелот со Словачка на 25 февруари во Скопје, ќе траат шест дена. Селекторот Јорданчо Давитков првиот тренинг го закажа за 19 февруари во салата на СЦ „Јане Сандански".

Пресметката со Словаците може да биде пресудна околу пласманот на нашиот национален тим во следната рунда од претквалификациите за ЕП 2021 година.
Тоа ќе биде вториот меч во оној т.н. „февруарски прозорец" на ФИБА, во нашата група, затоа што три дена порано, на 22 февруари, Швајцарија е домаќин на Словачка.
Во случај на победа на гостите, тогаш Македонија со триумф над Словаците на коло пред крајот, ќе обезбеди пласман во втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2021.
Инаку, списокот со кандидати за мечот со Словачка засега не е објавен.

Но од МЗТ Скопје Аеродром на својот официјален фејсбук профил потврдија дека за репрезентативни настапи во февруари се повикани нивните играчи: Дарко Соколов, Бојан Трајковски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Андреј Маслинко.
Покрај нив, како репрезентативци се водат и Бугаринот Јордан Минчев и Хрватот Доминик Мавра, кои се во комбинација за настап во квалификациите за Светско првенство 2019 година.

Најново во Кошарка