ПРЕМНОГУ ОСЦИЛАЦИИ, ЗАСЛУЖЕН ПАД ВО ФРИБУРГ

Швајцарците нè шокираа, за среќа. поразот е без последици! (ФОТО)

Ниту бројната "фаланга" не им помогна на нашите најдобри кошаркари да го завршат првиот претквалификациски циклус како што треба, Швајцарија – Македонија (85:79)...

објавено: 28 јуни 2018 - 21:19

Ништо од перфектен скор во нешто што се нарекува претквалификации за ЕП 2021. Како се однесуваа во периодот пред и за време на подготовките, така и се покажаа нашите кошаркари на гостувањето во Фрибург.

Почнаа слабо, завршија уште послабо, затоа и се „наградени" со пораз од мотивираните Швајцарци.
Швајцарија – Македонија 85:79 (26-19; 21-23; 19-22; 19-15)
Велат, „како тренираш, така играш"...
Во најголем случај тоа е така, особено ако се земе в предвид што точно се случуваше за време на „подготовките" за ова гостување во Фрибург.
Седум дена одложување на подтотовките, откажувања на неколку играчи, оправдани и неоправднаи, состав кој можеби и не бил послаб од оние што сме ги имаме во историјата.
Се заедно на крајот, го дочекавме и тоа, да загубиме и од селекција која има само желба, не и толкав квалитет да ни приреди вистински шок.
Ама за да биде тоа така се погрижија и нашите кошаркари.

Со чесен исклучок на поединци, пред се капитенот Војдан Стојановски. Мала помош од Трајковски, делумна од Витингтон и Костоски, Д: Стојановски, и толку...
Така не се игра, така не се победува, дури и во претквалификациите.
Да среќни сме што загубивме само со шест поени негатива, ќе кажат од стручниот штб, веројатно и од раководството на федерацијата.
Но ова не е Македонија која сакаме да ја гледаме и да ја подржуваме, како што тоа го праве напите иселеници кои живеат во овој дел од западна Европа.
Секоја чест за нив, тие беа најјдобриот дел од овие 40.минут за заборав во Фрибург.
Селекторот на Македонија, Јорданчо Давитков почна со петорката во која беа Костоски, браќата Стојановски, Трајковски и Витингтон.
И лошо го почнавме мечот во Фрибург затоа што по пет минути играње бевме во негатива од седум поени (6:13), која го примора Давитков да го потроши првиот „тајм-аут".
Не донесе резултат, затоа што домашната селекција направи и плус од девет поени (20:11). Беше и (24:15) за „часовничарите", за тој прв период го загубиме со (26:20) по заслуга на двете слободни фрлања кои ги реализира Војдан Стојановски на две секунди пред истекот на четвртината.
Период од играта во која дадовме само една тројка (Костоски) од осум обиди.

Војдан Стојановски и Бојан Трајковски најавија нешто подобра игра на нашиот тим, пред се во нападот. Но домашните кошаркари не дозволија во ниту едне моент да ја загубат предноста стекната уште во раната фаза на мечот.
На полувреме Швајцарија водеше со (47:42), со 12 поени кои дојдоа од В. Стојановски, а 10 имаше Трајковски.
Во 25. минута го регистриравме првиот нерешен резултат (53:53), кога Стојановски погоди за три. Веќе во следниот напад, водство на Македонија. Прво, минимално, се разбира, (55:53), со „краток век на траење".
Не го искористија нашите кошаркари тој моментум, и бучното навивање на „фалангата" присутна во Фрибург во бројка од околу илјада.

Му дозволија на противникот одново да се одвои на (66:62), но не повеќе од тоа. По третиот дел од играта бевме во негатива од два поени (64:66).
Оввен Трајковски и В. Стојановски (комбинирано 36.поени), Витингтон стана третиот „двоцифрен" кошаркар во нашиот тим со 11.реализирани поени. Костоски имаше осум , Д. Стојановски еден помалку, и само уште Крстевски кој даде два поени, пред „влезот" во четвртината за одлука.
За жал, осцилациите во играта на избраниците на селекторот Јорданчо Давитков тука не застанаа. Повторно влеговме во минути без поени, Швајцарците го искористија тоа да побегнат на плус 8 (72:64) кога останаа да се доиграта нецели седум минути.
Со серијата од (10-2) стигнавме до ново израмнување (74:74), на 4:39 минути до крајот.
Капитенот Војдан Стојановски во стилот на Стеф Кари, со неверојатна тројка, ни го даде второто водство на мечот, (77:76).
Но и тоа не беше доволно, конечно да го скршиме отпорот на противникот, напротив...

Швајцарија одново се одвои на позитива од четири поени (81:77), откако Казади погоди уште една тројка, потоа и двојка за (83:79), но само 1:13 минута до крајот, кога беше тешко да се вратиме во егал.
Не знаеме да завршиме како што треба, довидување до септември, во некои подобри времиња за македонската репрезентативна кошарка.
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка