МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ПОПРАВИ МНОГУ РАБОТИ

„Слободните" се нашата најслаба точка

Слабо функционира и нашиот шут од далечина, скокот...

објавено: 10 август 2017 - 13:15

На „половина пат" од трката, не изгледаат доби работите за нашиот сениорски национален тим, секако во оние обиди да се помине оваа претквалификациска група.

Иако познавачите на приликите во нашата кошарка предупредуваа дека ниту Косово, а особено Естонија се лесни пречки за поминување, малку од нив и секако од јавноста очекуваа дека по два натпревари Македонија ќе има нула победи.
Но тоа стана факт, наша реалност, која „црвено-жолтите" ќе се обидат да ја поправат во оние наредни два. Првиот веќе во сабота во Скопје, кога ни доаѓа Косово. А некој ден потоа и во Талин, каде ќе биде и дефинитивната разврска, барем за нас.


Доста работи не функционираа (т) како што треба во нашиот национален тим, тоа е евидентно.
А така вели и статистиката, која дефинитивно не е на страната на избраниот тим на Јорданчо Давитков.
Кажува, на пример, дека очајно ги изведуваме слободните фрлања. Од позицијата од која е најлесно да се погоди, ние реализираме само со 62% на успешност.
Ништо подобри не сме ниту во шутот од далечина. Пред се оној вреден за три поени. Имаме слаби 27.1%, во категоријата за која селекторот пред стартот на претквалификациите, рече дека ќе бидеме можеби и најдобри.
Но, такви бевме, лоши, и во периодот на подтотовките, но и она овие натпревари кои се бројат. Нешто подобра е сликата за „два поени", каде во просек погодуваме со 64.9% на успешност.
Факт е и тоа дека шутот е релативна работа, и дека може да се поправи. Но јасно е дека очајно ќе ни треба многу подобра реализација во овие следни натпревари.
Ништо подобри не сме ниту во скокот, затоа што на пример, нашиот следен ривал, Косово, има поголем број на скокови, на двете страни од теренот во однос на нашите просечни 31.


Статистиката вели дека засега, Давитков не верува во Младеновски и во Брчков, кои заедно со повредениот Бојан Крстевски, досега не влегуваа во игра.
Дека Џордан Теодор е „највисокоминутажен", со 38 минути по меч, тука до него е и каопитенот Војдан Стојановски кој е на 35.6 минути.
Јасно е дека отскокнува и минутажата наменета за Костоски (28.6), и најискусните во нашата селекција, Чековски (28.4) и Тасовски (26.5).
Или една наша, би се нарекло стартна петорка во овој (прет) квалификациски циклус, на која Давитков извесно е, ќе се потпре и на мечевите кои следуваат.

 

Најново во Кошарка