ПРВО ДОЦНЕШЕ ЛЕТОТ, А ПОТОА ГИ ФАТИ НЕВРЕМЕ

Словачка излезе како да е „Америка“: Кошаркарите цел ден во пат

Македонската кошаркарска репрезентација дефинитивно нема свој ден. Доцнењето на летот за Виена не е единствениот проблем со кој се соочија „црвено-жолтите“. Наместо во Виена, поради невреме слетаа во Грац  

објавено: 10 јули 2017 - 19:53

Македонската кошаркарска репрезентација дефинитивно нема свој ден. Доцнењето на летот за Виена не е единствениот проблем со кој се соочија „црвено-жолтите". Наместо во Виена, поради невреме тие слетаа во Грац. Ова значи дека нашата репрезентација до Братислава ќе мора да патува дополнителни 200 километри, наместо претходно предвидените 80 км.

Избраниците на селекторот, Јорданчо Давитков, утре и задутре против Словачка ќе ги одиграат првите пријателски натпревари во рамките на подготовките за претквалификациските мечеви за Светскиот Куп.

 

 

 

Најново во Кошарка